Седум работи за парите кои секоја жена би требало да ги знае

2356
  1. Пронајдете финансиски одговорен партнер

Ако напорно работите за да ги средите своите финансиски состојби, немојте да дозволите вашиот партнер да го упропасти целиот ваш труд. Важно е да бидете упатени во моменталната финансиска ситуација на вашиот партнер и неговото финансиско минато. Разговарајте со партнерот за финансиите кои ви се приоритет, целите и како ќе ги постигнете. Ако навистина го сакате вашиот партнер и тој ве сака вас, тогаш би требало да имате заеднички цели кога станува збор за парите.

  1. Купувајте мудро

Нема ништо лошо во тоа некогаш да си дозволите да купите нов пар чевли или пак чанта за која веќе долго сонувате. Но важно е паметно да шопингирате и купувате само она што навистина можете да си го дозволите. Со други зборови, немојте да ги трошите парите за станарина или пак својата заштеда за да бидете во чекор со најновите модни трендови. Следете акции и купувајте стока на попуст.

  1. Секогаш при купување одете со список

Ако пазарите без список, постои голема веројатност дека ќе купите работи кои воопшто не ви требаат. Што и да купувате, секогаш пред заминување составете го списокот и купувајте само работи од него.

  1. Дознајте колку вредите

Општо е познат фактот дека жените главно се послабо платени од нивните машки колеги. Но не можете да барате зголемување на платата ако не знаете која е вашата вистинска вредност. Исто така, морате да ја знаете својата вредност кога одите на интервју за работа затоа што со тоа е посилна вашата преговарачка моќ. Истражите колку изнесува просечна плата со оглед на вашето образование, позиција и искуство.

  1. Немојте да се плашите од големи чекори

Ако сте сингл и вашата финансиска ситуација е стабилна и доволно сте заштедиле, немојте да се плашите да преземете поголеми животни чекори како купување куќа, стан или автомобил. Поседување сопствена куќа во денешно време е голем успех па ако тоа можете да си го дозволите, зошто не?

Ако имате свои пари, со нив постапувајте паметно и рационално!