Риба – Риби, сонувачи, визионери, последните романтичари на овој свет, огромна се загатка за другите, но и за себе.
Таа тајна може да ја открие, нивниот светец, мистичен, харизматичен, префинет Нептун, кога ќе дојде време за тоа. Точно е дека Рибите се преосетливи, лесно ранливи, сочувствителни, исклучително чувствителни на болка и страдање на другите луѓе, секогаш подготвени да му помагаат на друг, понекогаш и на своја сопствена штета. Често повеќе ги сакаат другите отколку себе, односно поголемо внимание некогаш им посветуваат на другите отколку на себеси.
Зад нивната мека и чувствителна природа се крие непоколеблива одлучност, сила, издржливост, стабилност и смиреност, храброст. Тие се многу благи и толерантни, до крајни граници, но ако им ја допрете “точката на издржливост”, ќе се изненадите од нивната импулсивност, борбеност, внатрешен бунт, дури и од многу решителна и понекогаш груба реакција.
Ќе дадат таков силен отпор и непопустливост. Рибите знаат да подигнат високи бранови на своето море, кога некој премногу го тестира нивното трпение. Но Рибиното море е убаво кога е мирно, тие сепак се знак на божествената љубов и простување. Знаат да простат, и тоа е нивната најголема доблест, како и разбирање на другите.
Ах, недопирливите Риби. Обдарени сте со необична сензуалност, необична привлечност, со голема интуитивна интелигенција. Повеќе од било кој друг знак, ги чувствувате и ги разбирате човечките желби и потреби, им одите во пресрет, без разлика дали е тоа во личен или општествен живот. Знаете да примените теории и интуитивно знаење на логичен и практичен начин, иако другите тоа понекогаш ви го оспоруваат. Племенити сте, пријатни и флексибилни, толерантни и стрпливи до крајни граници.
Заради Нептунската природа и аспирациите за совршенството, умеете да бидете голем критичар пред сопствената работа и работата на другите луѓе. Тешко е целосно да ја задоволите вашата пробирлива и префинета природа. Совесни сте и прецизни работници, со чувство за одговорност, заради опозициониот знак на Девица.
Во својата негативна фаза, станувате преосетливи и лесно ранливи, а со тоа ја губите самодовербата. Дозволувате инстинктите да ги регулираат вашите акции, а негативните емоции да го потиснат гласот на разумот и престанувате да бидете логични и практични. Во такви ситуации, засилете ја контролата над сетилата, држете го цврсто кормилото на својата легендарна интуиција, објективниот суд – гласот на Совеста, кој е во вашиот знак најјасен.



















