САМО ШТО НЕ ТРОПНАЛЕ НА ВРАТА ?! Јасновидец најави инвазија на вонземјани | Со неодамнешниот настан во вселената уште повеќе е убеден во тоа 

3068

Астрономите извлекоа теорија за остаток од масивна ѕвезда што експлодирала, но Uri Geller очигледно не верува во тоа.

Uri Geller, познат израелско-британски илузионист кој работел напорно во 1970-тите за да го убеди светот дека поседува натприродни моќи, 74-годишникот кој на крајот се нарече себеси за јасновидец, продолжил да инсистира дека вонземјаните се подготвуваат за контакт со човештвото.

Згора на тоа, тој сега практично ја повика НАСА да се подготви за инвазијата, но овојпат своите тврдења не ги базирал на гледање во кристална топка или фрлање грав преку рамо.

Тој бил поттикнат да извлече таков заклучок од информацијата дека научниците неодамна забележале објект кој испуштал џиновски количества енергија на начин каков што досега не виделе.

Natasha Hurley-Walker, од Меѓународниот центар за истражување на радио астрономијата, го опиша мистериозниот објект како „сосема неочекуван“.

„Доживувањето беше беше малку застрашувачко за астрономите бидејќи ништо што знаеме на небото не се однесува така. И навистина е прилично блиску до нас – објектот е оддалечен околу 4.000 светлосни години. Практично е во нашиот галактички двор“, рече Hurley-Walker по тој повод.

Астрономите извлекоа теорија за остаток од масивна ѕвезда што експлодирала, но Geller очигледно не верува во тоа:

„Нема сомнеж дека ова е поврзано со вонземска интелигенција многу супериорна од нашата. Почнете да ги дешифрирате нивните пораки! Нè подготвуваат за претстојното масовно слетување!“, им порача Geller на научниците на својот Инстаграм профил.