ДОМАШНА ПИЛЕШКА СУПА СО КНЕДЛИ | Проверен рецепт од куварот на баба

1749

Ништо не го зајакнува организмот како домашната супа од кнедли.

Пилешка супа со кнедли

Нема ништо подобро од тоа кога ручекот го започнувате со домашна супа, особено кога е со кнедли. Ова е прилично едноставно јадење, а се што ви треба е трпение и време да чекате да се свари супата. Лесно ќе направите и домашни кнедли во само неколку чекори.

Потребно

500 гр пилешко (по можност гради со коски)
2 средни моркови
1 корен од пашканат
1 кромид
1 китка магданос
1 помал целер
сол, бибер
вода

За кнедли

1 јајце
5 еднакви лажици гриз
1 лажица маст
нокте сол

Подготовка

Измијте ги деловите од пилешкото што ќе ги ставите во супата, па ставете ги во тенџере. Морковот, целерот и коренот од пашканатот исечкајте ги на коцки, па сè прелијте со повеќе вода и ставете ги на шпорет на повисока температура додека не зоврие. Измијте го кромидот и пресечете на половина, а потоа пропржете ја на рамната страна во сува тава. Кога водата ќе зоврие, намалете го огнот и додадете го кромидот, па оставете барем еден час да се готви. После тоа, извадете го месото од коските, вратете го во тенџерето, и фрлете ги сите непотребни делови. Супата е готова кога зеленчукот ќе омекне. Зачинете по вкус и додадете вода доколку е потребно.

Подготовка за кнедли

Со вилушка добро изматете една лажица маст, па додадете едно јајце, малку сол и сè соединете. Додадете го гризот и оставете го настрана десетина минути. Гризот ќе набабри после тоа време, па ако сè е премногу ретко, додадете уште малку гриз. Количината најмногу зависи од големината на јајцето, па затоа е добро да ја оставите смесата за кнедли да отстои пред да продолжите со готвењето. Кога супата е готова, извадете ги кнедлите со лажица и ставете ги во тенџерето, па варете околу пет минути. Пред сервирање посипете со ситно сечкан