Дури и да не мислите дека ja надминуватe околината интелектуално, пак можете да имате многу од карактеристиките кои ги делат луѓето со високо IQ.
Излегува дека многу од гениите глобално имаат слични особини на личноста, навики и однесување.
Ако имате повеќе од следниве 7 карактеристики наведени подолу, можеби и вие сте попаметни отколку што мислите:
Вие сте љубопитни за сè
Ако постојано читате информации за различни теми, следите различни блогови и често се чувствувате дека сте на интернет, за да барате одговори на прашањата кои се појавуваат во главата, значи дека вие ја поседувате првата карактеристика, карактеристична за гениите. Истото важи и ако сакате да учествувате во различни мали експерименти, за да видите што ќе се случи. Гениите се природно љубопитни луѓе.
Вие зборувате сами со себе
Ако често се чувствувате дека си зборувате сами со себе, не грижете се. Ова може да биде знак на генијалноста. Кога во главите ви се појавуваат проблеми, мислите ќе започнат да водат дијалог, во желбата да го најдете решението на проблемите. Колку поинтензивен е овој процес, толку поверојатно е да сте премногу интелигентни.
Вие читате постојано
Многу луѓе сакаат да читаат, но повеќето гении се опседнати со читањето. Разликата е во тоа што повеќето високоинтелигентни луѓе се фокусираат или на еден жанр (како научна фантастика), или консумираат огромен спектар на работи за читање во различни области, вклучувајќи фантастика и публицистика. Без разлика какви се вашите преференции за читање, ако постојано гледате полици полни со книги, може да паднете во категоријата “гениј”.
Продолжува на страна 2



















