Сакате да го предизвикувате сопствениот интелект
Ако сакате да играте логички игри, само и само да го тестирате својот мозок, тогаш вие имате нешто заедничко со многу интелигентни луѓе.Повеќето гении решаваат судоку и крстозбори, сакаат загатки и др.
Вие сте расеан
Генијалците навистина се расеани и тоа не е само клише. Тие се исклучително живи индивидуи кои често ги преоптоваруваат умовите со многу комплексна и интензивна материја. Тие стануваат опседнати со своите проекти и идеи, а како резултат на тоа, здравиот разум често се губи. Затоа интелигентните луѓе забораваат едноставни нешта.
Имате шарено минато
Сите гении поминале низ тешки периоди во својот живот, особено во младоста. Некои од нив користеле дрога, други претерувале со алкохолот, трети имаат драматични приказни во приватноста и односите. Ова објаснува зошто толку многу креативни гении – писатели, музичари, уметници и научници се бореле со различни пороци или пак зошто се сложени како личности. Покрај тоа што веќе рековме дека тие сакаат да експериментираат.
Вие се грижите и ги премислувате работите премногу
Можеби мислите дека гениите се многу сигурни? Е, не е така. Вистината е дека гениите се проткаени со сомнежи. Тие сакаат постојано да се развиваат и да растат, но за жал, поради овој факт, често се чувствуваат неадекватни и / или не можат да се вклопат меѓу другите.



















