Исповед на човек со најголем пенис во светот | “Ме повикаа своите 34 центиметри да ги донирам во музеј”

928

Jonah Falcon (43), од Њујорк, кого многумина го нарекле човек со најголем пенис во светот, со години одбива деловни можности кои речиси секојдневно му се укажуваат во порно индустријата. Сепак, неодамна доби понуда која, како што тој самиот призна, едноставно не може да ја одбие

Исландскииот Phallological музеј, познат како музеј на пенисот, му предложи идеја со која неговата импресивна сексуална алатка нема да биде заборавена. Алатката, која во ерекција е 34 сантиметри, по смртта на Фалкон ќе биде зачувана како вредна и уникатна и изложена во Рејкјавик.

“Јас сум многу почестен од оваа понуда. Ја ценам посветеноста на вашиот Музејот во науката и ќе ми биде чест ако мојата машкост во него биде изложена”, пишува Фалкон до челниците на исландскиот музеј, изразувајќи надеж дека неговата гордост ќе се наоѓа помеѓу сексуалните екстремитети на китот и поларната мечка.

Phallological museum Reykjavik

“Се надевам дека нема да бидат љубоморни на мене. Исто така, Ви препорачуваме да му дадете име Јонах и кит”, додаде Фалкон, осврнувајќи се на библиската приказна за Јона во утробата на рибата.

Музејот на пенисите отворен е 1997 година, а неговите посетители во моментов можат да се видат околу 300 изложени пениси и пенисни делови на повеќе од 90 животински видови, вклучувајќи китови, фоки, мечки и горила. Големината се движи два милиметра кај хрчаците па до на китовите речиси од два метри.

Phallological museum Reykjavik

Првиот човек чиј фалус е изложен во музејот е исландскиот туристички водич Pall Arason. Тој почина пред три години, а пред смртта, на музејот ја донирал својата гордост, која во моментов се наоѓа во тегла за кисели краставички и меѓу посетителите е вистинска атракција.

Sigurdur Hjartarson

Музејот на пенисот се смета за исландски одговор на францускиот Лувр, но неговиот основач, историчарот Sigurdur Hjartarson, очигледно ќе се изначека додека не биде во можност за идните генерации да го изложи чудовиштето на Фалкон.

Обдарениот Јона е во своите најдобри години и најверојатно ќе живее уште неколку децении. Во моментов пишува блог за компјутерски игри, а животен сон му е да биде глумец, но не во порно филмови.

Тој вели дека неговата дарба ја откри во училишните денови, но дури кога пораснал, тој сфатил дека е посебен. Пред неколку години, поради таа посебност речиси беше уапсен на еден аеродром. Полицајците виделе чудна испакнатина во панталоните и беше испратен на темелно скенирање, но не нашле ништо опасно за безбедноста на авионот.

Фалконовиот фалус јавно е измерен во документарец прикажан на HBO. Утврдено е дека во опуштена состојба е 24 сантиметри долг, а 34 см во ерекција.