Ако сакате да откриете нечија душа, погледнете прво како таа се смее!

3320

Многу голем број луѓе не умеат да се смеат. Впрочем, нема тука што да “се умее”. Тоа е подарок и не може да се научи. Ќе научиш само ако се превооспитуваш, ако се развиеш на подобро и ги надминеш грдите инстинкти на својот карактер.

За смеа, пред сè, потребна ви е искреност, но дали има искреност кај луѓето? За смеата е неопходно да не се биде злобен, но луѓето најчесто се смеат пакосно! Искрена и незлобна смеа значи веселост, но дали има кај луѓето во денешно време веселост, и дали луѓето можат да бидат среќни?

Радоста на човекот е неговата највидлива црта, која најмногу го издава. Еден карактер не можете долго време да го запознаете, но веднаш штом некое лице ќе се насмее барем еднаш сосема искрено, ќе ви се покаже целиот карактер веднаш како на дланка.

Само човек со многу висок и многу среќен развој знае како да биде среќен и да ги зарази другите, одн., неодоливо и милостиво е весел. Не зборувам за неговиот ментален развој, туку за карактерот, за целиот човек.

На тој начин, ако сакате да разоткриете човек и да ја запознаете неговата душа, не го набљудувајте како молчи или како плаче, туку подобро е да го погледнете кога се смее. Ако се смее добро, знајте дека е добар човек.

Ова долго раскажување за смеата го забележав намерно, и на сметка на раскажувањето, бидејќи го сметам за едно од моите најсериозни сознанија за животот.

Автор: Фјодор Достоевски