Дилемата на жена која се вљубила во двајца мажи

2419

Додека повеќето луѓе во своето срце имаат место само за една личност, некои се вљубуват во двајца или повеќе, пишува „Дејли Меил“, по повод писмо од жена која се вљубила во двајца мажи.

Имено, новозеландската колумнистка за љубов и секс, Џенифер Саунес вели дека збунетата девојка, според дописката, го сака своето момче со кого е во врска две години, но и дека еден нејзин колега „лудо ја привлекува“. Дилемата е во тоа дали таа на своето момче да му предложи „отворена“ или полигамна врска, оти е вљубена и во двајцата.

– Тоа за неа е неодоливо, посилно е од неа. Но, доколку читателката раскине со момчето за да продолжи со другиот, првичната привлечност може да ја снема, па и новата врска да заврши како и претходната. Врските честопати се вртат во круг, па те враќаат на почеток, вели Саунес.

Колумнистката смета дека оваа појава се случува кај луѓе чија слабост е туѓата ласкавост и кои не се начисто со своите желби и потреби.

Сексологот д-р Ники Голдстејн, пак, смета дека „канцелариската романса“ е возбудлива и неодолива, но и честа, поради самата позадинска приказна. Но, најчесто сето тоа кусо трае, бидејќи приватноста и професионалната соработка ретко кој може успешно да ги комбинира.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.