Дали е безбедно сончање за време на бременоста?

876

Постои долга листа со нешта кои трудниците не смеат да ги прават, а кои се однесуваат на исхраната и физичката активност.

Во првите три месеци не е препорачлив напор, ниту пак предолг престој надвор, особено кога е многу топло.

Сончањето на плажа и не е толку опасно, доколку се изложувате на сонце наутро или приквечер пред заоѓање. Во меѓувреме, најдобро е да се релаксирате во сенка и добро проветрени простории.

Имајте предвид дека вашата кожа во тек на бременоста е и почувствителна од вообичаено, што значи дека е можно полесно горење или појава на нерамномерни дамки. Затоа е потребно да користите креми со заштитен фактор повисок од оној кој вообичаено го користите.

Според некои истражувања, УВ-зраците може да го намалат делувањето на фолната киселина која трудниците ја земаат за време на бременоста. Затоа и треба да го ограничите престојот на сонце, особено ако сте во првите 3-4 месеци од бременоста.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.