Астронаут на Меѓународната вселенска станица сними „црвен дух“

1019

Интересно е што научниците забележале вакви феномени и на Јупитер, што значи дека нивното разбирање на Земјата би можело да ни помогне подобро да ги разбереме атмосферите на другите планети во нашиот систем.

Астронаутката на NASA, Nichole Ayers, имаше можност да биде сведок на навистина редок и импресивен настан, а благодарение на нејзината брзина, успеала да го сними овој настан со камера. Фотографијата, која е направена на Меѓународната вселенска станица, каде што Ayers моментално престојува, е споделена на платформата X и воодушеви многу вселенски ентузијасти.

Имено, Ayers го снимила она што се нарекува „црвен дух“, редок временски феномен што се јавува високо над облаците поради интензивна електрична активност при грмотевици под облаците. Снимката е направена некаде над Мексико и јужниот дел на САД.

Сликата покажува електрично празнење во форма на светло црвен превртен корен или шилец, кој лебди високо над бурата што се приближува.

Научниците ги нарекуваат ваквите настани транзиторни светлечки настани (TLE) и најчесто се појавуваат на надморска височина од околу 80 километри (што ја објаснува импресивната фотографија што ја направила Ayers). TLE често се појавуваат само неколку моменти по ударот на гром, а многумина ги опишуваат како шилести ластари, црвени пердуви или едноставно „црвен водопад“.

Овој феномен за прв пат е забележан на фотографии од 1989 година, а научниците сè уште не се сосема сигурни како и зошто се јавуваат. NASA собира фотографии од TLE од 2022 година за подобро да го проучи овој феномен. Она што досега го научиле е дека тие често се поврзуваат со моќни, понекогаш разорни временски системи.

Интересно е што научниците забележале вакви феномени и на Јупитер, што значи дека нивното разбирање на Земјата би можело да ни помогне подобро да ја разбереме атмосферата на другите планети во нашиот систем.