Ако одлучивте оваа година да ги боите јајцата со природни бои, еве уште еден предлог, овојпат за виолетова боја.
Верувале или не, за овој ефект ви е потребно само најобично црно вино. За 20 јајца потребни ви се 2 литра вино.
Јајцата прво меко сварете ги. Потоа истурете ја водата од тенџерето и налејте го виното.
Ставете да се варат заедно со виното 30 минути. Тргнете ги од шпоретот и оставете да се оладат. Во текот на варењето не ги мешајте јајцата, за да не направите гребаници.
Ќе добиете јајца со убава виолетова боја и кристали нафатени на лушпата. Ако не сакате кристалите да останат, премачјакте ги јајцата со салфета натопена во масло.



















