Многу корисно | 4 причини зошто треба да бидеш потполно гола секогаш кога можеш!

388

Психолозите велат дека голото тело не е само недостаток на облека, туку посебна состојба која е корисна за телото.

Со текот на времето, ќе забележиш дека таква “разголена” состојба позитивно влијае на твоето расположение и самодоверба.

Луѓето кои си дозволуваат да уживаат во убавината на своето тело се посреќни, затоа што живеат во хармонија со себеси.

Здрав сон

Лекарите препорачуваат да се спие без облека. Значи, сонот ќе биде многу посилен, бидејќи телесната температура се намалува, а метаболичките процеси се подобруваат, што значи дека ако спиеш целосно гола – ќе спиеш подобро.

Чувство на интимност

Обиди се да организираш почесто со својот сакан “денови без облека”, кога и двајцата ќе се чувствувате слободни да поминете време голи. На пример, едноставно можете да уживате под покривката! 😉

Голо тело во корист на стилот

Ако често го гледаш своето тело, ќе ги дознаеш неговите предности и недостатоци. Благодарение на тоа, полесно ќе одлучуваш за облеката, бидејќи во бутиците веќе ќе знаеш како работите ќе изгледаат подобро на овој или оној дел од твоето тело.

Изговор за забава

Кога го сакаш голото тело – тогаш и животот станува уште позабавен. Сфаќаш дека си убава и спремна да направиш повеќе работи, кои најверојатно не би ги направила порано, со или без облека.