На 70 години го роди своето првото дете

99

70-годишна Индијка го роди своето првото дете, пренесе Франс прес. Таа не уверува дека не се чувствува како стара баба, туку како мајка.

Даџиндер Каур го родила синчето минатиот месец, откако прибегнала на ин витро оплодување во специјализирана клиника во индиската држава Хари.

Двојката, која е во брак 46 години изгубила надеж дека ќе имаат деца. Односот кон Даџндер и сопругот се претворил во презир, бидејќи во таткото бил неплоден што се смета за божјо проклетство.

“Господ ги чу нашите молитви”, рече Каур. “Се грижам сама за своето дете. Имам чувство дека сум исполнета со енергија. Мојот сопруг е многу внимателен и секогаш ми помага кога има можност да го стори тоа. Видовме реклама за ин витро оплодување и си рековме дека би требало да се обидеме, со оглед дека сакам да имам бебе“.

Каур тврди дека има 70-години. Но, во Индија, многу луѓе не поседуваат уверение за датум на раѓање. Во соопштението на клиниката пак се вели дека мајката е на 72 години.

Бебето е зачнато од јајца и сперма на двојката и е во добра здравствена состојба, откако се појавило на виделина на 19 април. Момченцето тежелоа два килограми при раѓањето.