Црвената рибизла е многу вкусно и лековито овошје. Успева на сончеви места, а неоходна и е влага.
Плодовите на рибизлата имаат киселкасто сладок вкус и карактеристична арома.
Црвената рибизла (Ribes rubrum L) е природна ризница на многу витамини, минерали, ензими и други корисни состојки.
Затоа, таа е многу здраво овошје, кое во народната медицина се користи за превенција и лекување на многу заболувања.
100 грама сочни, црвени топчиња рибизла со киселкаст вкус имаат 56 kcal / 234 kJ, содржат 13,8% јагленохидрати, 4,3% растителни влакна, 1,4% протеини.
Од витамините, значаен е процентот на витаминот Ц (41%) и на витаминот К (11%), додека минералите ги има во траги.
Од минерали, црвената рибизла содржи најмногу калиум, натриум, фосфор, магнезиум и железо.
Од органски киселини, содржи јаболчна киселина, голема количина на лимонска киселина и пектин инвертин.



















