За да ослабете, мастурбирајте секој ден

217

Психологот Рамани Дурвасула изгради нова теорија за тоа како најлесно човек да го изгуби вишокот килограми, пишува 24sata.hr.

Според неа, патот кон слабеењето поминува низ мастурбација, по еден или повеќе пати на ден. Психологот тврди дека ја доживеала врз себе својата теорија и изгубила 36 килограми од тежината што пред експериментот била 90 кг.

Идејата за оригиналната теорија и дошла во главата откако преживеала стрес со разводот и побарала радикално да го промени својот живот.

“Не се откажав од нешто што ме бендисува- храната и ја заменив диетата со оргазам”, признава Дурвасула. Таа цврсто верува дека мастурбирацијата е моќна алатка за добра форма и носи многу придобивки како за мажите, така и за жените.

“Ова ве опушта, ви дава мирен сон, ги ублажува менструалните болки, ги зајакнува карличните мускули и спречува рак на простата”, вели психологот.