Децата и домашните миленичиња

3318
Децата и домашните миленичиња

Ако детето сака домашно милениче, родителите пред да ја исполнат желба треба да внимаваат на неговата возраста.

Ако детето е меѓу три и пет години најдобро е да се избере морско прасе, бидејќи е лесно за одржување, не гризе и сака да се гали. Но, на детето мора да му се објасни дека неговото милениче е нежно и оти мора лесно да го држи.

Ако детето има од пет до шест година за милениче може да има птица или рипчиња. Доколку детето е на возраст од седум до осум години доволно е зрело да се грижи за куче или маче. На таа возраст може да има и некое егзотично животно или зајак.

Ако на детето му се подари куче тоа не треба да биде мало, бидејќи детето не може да му го посвети целото внимание на миленичето и кученцето ќе биде запоставено. Во таков случај и родителите во првите неколку месеци ќе имаат дополнителна обврска.