Дружењето со кучиња позитивно делува врз здравјето и го одвлекува вниманието од проблемите – сопствениците на мачки и кучиња имаат понизок крвен притисок, помалку се нервозни и подобро се концентрираат.
Кучето е најдобар пријател на човекот. Покрај тоа, како и другите миленичиња, тој може да биде негов лек. Истражувањата покажуваат дека домашните миленици, особено влакнестите, позитивно влијаат на емоциите и на начинот на кој го гледаме светот.
И неколку минути во друштво на куче или мачка е доволно да се чувствуваме помалку нервозни и да се ублажат последиците од стресот. Телото доживува физиолошки промени кои влијаат на расположението. Се намалува нивото на кортизолот, хормон кој се засилено излачува во стресни ситуации, а се зголемува производството на серотонин, невротрансмитер заради кој се чувствуваме смирени и среќни. Дури и милувањето на куче или мачка има благотворно влијание врз умот.
Грижата за миленичето, хранење, шетање и чистење го пренасочуваат вниманието од негативни мисли. Наместо до изнемоштеност да се занимаваме со вистински или претерани проблеми, во друштвото на кучето или мачката од својата глава “излегуваме” во реалниот свет. Нѐ водат од изолација кон која тежнееме кога сме со лошо расположение. Без оглед на тоа во какво сме расположение, кучето мора да носи на прошетка најмалку два пати на ден. Во паркот се сретнуваме со други сопственици и комуникацијата се развива сама од себе.
• Само да си тука … присуството на обучени кучиња во болниците или домовите за стари лица и изнемоштените им помага на луѓето да се чувствуваат помалку нервозни, покажала студијата
• Без проблем: Домашните миленици можат да помогнат да го одвлечеме вниманието од физичките проблеми. А посебна полза имаме од чувствителните животни кои се особено внимателни кон болните
• Помирни со кучиња – докажано е дека луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест помирни се и помалку нервозни со кучиња, а и оние кои се грижат за нив со кучето се чувствуваат опуштено
• Час јога дога: сопствениците на кучиња се физички повеќе активни, отколку луѓето кои ги немаат. Во САД, постојат јога часови каде што можете да вежбате во друштво на своето куче. Оваа јога се вика – дога
• Кучето е терапија на детето со нарушување на вниманието и ќе му помогне да научи одговорност и планирање. Кучето бара ред, па така, и детето ќе учи на ред, а ќе потроши и многу енергија играјќи со него и полесно ќе заспие
Продолжува на страна 2