Домашни миленици – најдобрите пријатели на вашето здравје и лек за тагата

7804

Со миленичето не си тажен ниту сам

Сопствениците на кучиња имаат понизок крвен притисок и побавен пулс додека извршуваат ментално стресни задачи од луѓето кои немаат миленичиња, покажале американските истражувања.

Тие полесно остануваат смирени и имаат повеќе самодоверба. Се чини дека присуството на домашното милениче позитивно делува. Жителите на домовите за стари и изнемоштени лица кои во студијата се покажаа многу осамени имаат голема корист од кучињата кои им доаѓаа во посета, покажала студијата. Згора на тоа, луѓето кои добиле куче со кое самите можеле да го поминуваат времето се чувствувале помалку осамени од оние кои беа во групата луѓе во која подарувале куче.

Се чини дека причината е таа што со миленичињата можеме да бидеме онакви какви што сме, дури и ако сме во најлоша состојба. Пријатно однесување на домашните миленици “лекува” и депресија, покажала една студија на Универзитетот во Тексас. Милувањето и играњето со нив, им помага на луѓето да го одвлечат вниманието од проблемот и да се посветат на себеси и моментите кои ги забавуваат и релаксираат.

Кучињата и мачките не се единствени “лековити” миленици. Папагалите, заморчињата, па и зајаците нѐ смируваат. Со нив побавно дишеме и зборуваме, а и нашите забрзани мисли забавуваат. Дури и златните рипки можат позитивно да влијаат врз здравјето, но исто така и на менталната рамнотежа. Тоа докажало и истражувањето на американскиот факултет за ветерина Пурдју спроведено на пациентите со Алцхајмеровата болест.

Пациентите на кои им служеле ручек пред аквариум повеќе јаделе и поретко оделе до масата од вообичаеното, што укажува на тоа дека смирувачката атмосфера на аквариумот имаше позитивно влијание врз нивната концентрација. И гледањето слики на младенчиња ја подобруваат концентрацијата и продуктивноста. Со поглед на мачиња и кученца расте и нашата способност да ги видиме деталите и во истиот момент да станеме посреќни, откриле јапонските научници од Универзитетот во Хирошима.

• Прегрни го кучето! Студиите го докажале лековитото дејство на допир. Гушкањето го преплавува телото со окситоцин, хормонот кој ги намалува последиците на стресот, го намалува крвниот притисок и го забавува срцевиот ритам. Сето ова се случува и кога ќе прегрнеме мачка или куче

• Милениците се голема одговорност која го поттикнува менталното здравје. Самодовербата расте кога ќе преземеме задачи и во решавањето ќе примениме знаење. Кога ќе успееме, ние се докажуваме дека можеме да се грижиме за себе и за друго суштество

• Маса за срцето: оние кои страдаат од депресија имаат поголеми шанси за кардиоваскуларни болести и срцев удар. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат мачка имаат 40 проценти помал ризик од смрт од срцев удар

• Прошетка како лек – на депресивни луѓе движењето е како лек. Физичката активност го стимулира производството на серотонин, невротрансмитерот на среќа кој им недостасува. Ако имате куче, редовните прошетки се одговорност, а тие ќе го помогнат закрепнувањето

• Важен е редот – ако вашето куче или мачка може да направат да се дигнете од креветот, ќе поттикнат активности важни за излекување. Миленичињата бараат ред, а тоа придонесува кон закрепнување

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.