Еве како да ја “истругате” маснотијата од стомакот

2277

Да се има и одржува рамен стомак е предизвик за многумина. За топењето на масните перничиња на половината не постои инстант решение, туку тоа подразбира менување на навиките за исхрана.

Стомакот не може да се стопи преку ноќ, но исто така не мора да гладувате.

Ние ви нудиме наједноставни предлози за успешно извршување на оваа задача.

1. Започнете го денот со вода со лимон. Згора на тоа, исцедете сок од еден лимон, измешајте го со млака вода и малку сол, потоа оваа течност пијте ја секое утро да го поттикнете вашиот метаболизам и да ги стопите масните перничиња.

2. Заменете ги рафинираните ориз, леб и тестенини со нивните “кафеави” алтернативи од целото жито. Тие полека ја ослободуваат енергијата и подолго време сте сити.

3. Избегнувајте шеќер, индустриски произведени слатки со додатоци од хомогенизирани масти, како и безалкохолни пијалаци, кои кријат многу калории.

4. Пијте многу вода и во редовни интервали во текот на денот за да го поттикнете согорувањето на калориите и да ги елиминирате токсините од телото.

5. Искористете ја секоја можност за уживање во суровиот лук. Неговите сокови ќе го поттикнат процесот на согорување на калориите во организмот, а особено ако соџвакате две до три чешниња наутро или навечер.

6. Не заборавајте на овошјето и зеленчукот кои содржат многу важни витамини и минерали. Во менито вклучете што е можно повеќе цитрусно овошје кое го поттикнува топењето масни перничиња, како и зелен лиснат зеленчук, кој содржи диетални влакна и го отклучува варењето.

7. Зачинете ги оброците со цимет, ѓумбир и црн пипер. Овие зачини ќе ви подарат нова димензија во вашата гастрономска храна, а во исто време ќе го намали шеќерот во крвта и ќе ви помогне во намалувањето на телесната тежина.