Прирачник за развод | За жени

156

Кога си велиме “да” пред олтарот, веруваме дека е за цел живот. За жал, за многу луѓе не излегува така и тие се соочуваат со драма околу разводот.

А, тој е многу повеќе од потпишувањето на едни документи.

Авторите Филида Вилсон и Максин Пилингер одлучија да го олеснат процесот за жените и издадоа “Прирачник за разводот специјално за жени”.

Во книгата тие откриваат интересни факти и детали кои можат да ви бидат од корист.

1. Не сте сами! Секоја година во Велика Британија се разведуваат околу 120 000 жени.

2. Разводот трае подолго отколку што сте претпоставувале. Во просек, процесот трае околу 18 месеци.

3. Статистичките податоци покажуваат дека најмногу документи за развод се поднесуваат во јануари и февруари.

4. Емоцијата за време на развод може да се изедначи со онаа која се доживува при загуба на близок човек – негирање, лутина, тага, депресија, прифаќање.

5. Изборот на адвокат е една од најтешките работи кои ќе треба да направите. Важно е да бидете блиски и да имате доверба.

6. Создавањето на близок круг на луѓе е клучен за да се справите со разводот. Ќе ви е потребна поддршка, рамо да поплачете, пријателски совети и одвраќање.

7. Треба да ја ограничите комуникацијата со многу луѓе. Внимавајте што и со кого зборувате. Подобро избегнувајте ги заедничките пријатели, бидејќи нема како да знаете кој е лојален кон него и секој детаљ и информации може да се покаже во негова корист при разводот. Не зборувајте јавно лоши работи за него, зачувајте ги за своите најблиски.

8. Земете дневник, тој може да му помогне на адвокатот.

9. Врската со поранешниот не запира веднаш по разводот. Може да останете во комуникација со него долго потоа. Во најдобар случај може да останете пријатели.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.