Порака на една мајка упатена до својата ќерка | “Животот е многу краток за досада и игра на сигурно”!

334

Ќе се наежите кога ќе прочитате што оваа мајка ѝ напишала на својата ќерка. 

“Мила моја,
мама тебе нешто да ти каже, пред да одлучи некој гром да личам на даб, па прерано ме залепи за земја ….

На кратко.
Не верувај им кога велат дека времето лечи, лажат, лечи помирувањето со вистината и простувањето …

Можеш да пиеш вода по сладолед,
ништо нема да ти биде!
Еднаш не се сака, се сака сѐ додека си жив,
а потоа уште и повеќе ..

Скапите чевли се поквалитетни,
но ќе имаш еден пар наместо пет,
а животот е прекраток за досада и игра на сигурно.

Кажи кога си вљубена, кажи кога не си,
лажгите нема да те одбранат од болките,
а ќе боли срцето бидејќи си жива,
но ќе преживееш
и повторно ќе сакаш, помудро.

Весели се кога имаш и најмалку причини за среќа, бидејќи само така ќе ја привлечеш.
Бог постои, го видов,
а знаеш дека мајака ти не е лажга.

Поздрави ги оние кои не те поздравуваат,
трет пат ќе им биде непријатно и ќе вратат на поздравот.
Луѓето се лоши бидејќи се повредени, ранети,
не затоа што се лоши.
Не ги слушај празните глави што ги цртаат границите по светот, срцето нема граници.

Плачи кога ти се плаче,
насмевката не ја криеш, зошто тогаш солзите!
Осветата не е ништо друго освен привидна сила,
нацртан тег на хартија. Батали ја.

Најди човек кој ги сака животните и ги почитува своите родители, само тие сакаат кога си во фрка.
Злобните дечки се напнати, навистината,
како прачка насочени кон твојот нос.
Сонце мое, биди паметна.

И да си со коса, без коса, со ирокеза,
кому му е гајле, само биди од надвор она што чувствуваш од внатре.
Не се ограничувај на еден жанр филмови, музика ниту стил,
така човекот ништо ново не учи.

И уште едно, најбитно,
јави се на Бог, мојот пријател, почесто,
особено кога си среќна,
без доза благодарност и благослов мила ..

Те сака мама,
најмногу.”

Автор: Ника Антолос Рубан