Науката е близу до победата над детската леукемија

1387

Mel Greaves има едноставна животна цел. Се обидува да создаде пијалок сличен на јогурт кој би го спречил развојот на леукемијата кај децата. Идејата изгледа доста ексцентрична, бидејќи ракот обично не може лесно да се победи. Сепак, професорот Greaves е убеден дека тоа е можно, а со оглед на неговото искуство, неговите идеи сериозно ги сфатиле и други истражувачи, пишува британскиот The Guardian.

Greaves ја проучува детската леукемија три децении во Лондонскиот истражувачки институт. Пред неколку дена беше објавено дека тој бил награден со титулата витез за истражување и откритија во оваа област.

“Веќе 30 години сум опседнат со причината зошто децата страдаат од леукемија. Сега за прв пат имаме одговор на тоа прашање, што значи дека можеме да почнеме да размислуваме за тоа како да ја спречиме леукемијата. Така и дојдов до идеја за пијалокот”, објаснува Greaves.

Бројот на заболени во Британија и во Европа расте

Во текот на педесеттите години од минатиот век, акутната лимфобластна леукемија, која во Велика Британија е дијагностицирана кај едно од 2.000 деца, била смртоносна. Денес може да се излечат во 90 проценти од случаите, иако третманот е токсичен и остава долготрајни несакани ефекти. Во последниве децении, научниците забележале дека бројот на пациенти во Велика Британија и Европа се зголемил на стапка од еден отсто на годишно ниво.

“Овој тренд се случува само во развиените земји, а не и во земјите во развој. Се чини дека болеста може да биде поврзана со благосостојбата”, вели Greaves.

Продолжува на страна 2