Науката е близу до победата над детската леукемија

1818

Експерименти со глувци

“Мора да најдеме начин да ги реконструираме нивните микробиоми. Така ја нарекуваме заедницата на микроби. Исто така, треба да дознаеме кои се најважните видови на бактерии за соодветна подготовка на имунолошкиот систем на детето”, рече тој.

Greaves затоа сега експериментира со глувци, со цел да открие кои се најдобрите микроби за стимулирање на имунолошкиот систем на глодарите. За две или три години, би можеле да имаме тестови на луѓе.

“Целта е да се најдат шест или можеби десет видови на микроорганизми кои детскиот микробиом најдобро би го вратил на здраво ниво. Тој коктел на микроби би можел да се зема како пијалок сличен на јогуртот, прилагоден за мали деца. Тоа би можело да ја спречи, не само детската леукемија туку и состојби како што се дијабетес 1 и алергии кои се во пораст во западната цивилизација. Алергиите можат да се поврзат со нашиот неуспех децата да се изложуваат на бактерии кои се од суштинско значење за правилен развој на имунолошкиот систем. Мислам дека можностите се неверојатно возбудливи, а јас верувам дека би можеле да го намалиме ризикот од леукемијата, но, и од серија други болести и состојби”, заклучи Greaves.

Леукемија – Факти

Крвните зрнца се создаваат во коскената срцевина. Еритроцитите кои пренесуваат кислород по нашето тело; белите крвни клетки кои се борат против инфекции; и тромбоцитите, кои го спречуваат крварењето, се создаваат во нашето тело по потреба.

Кога ќе се развие леукемијата, се создаваат премногу бели крвни клетки кои потоа го запираат растот на нормалните клетки во коскената срцевина. Како резултат на тоа, се намалува количината на нормалните црвени крвни зрнца, бели крвни зрнца и тромбоцити и здравјето страда. Постојат неколку видови на леукемија, а кај младите луѓе најчеста е акутната лимфобластна леукемија и акутна миелоидната леукемија, заклучува The Guardian.

Дали знаете нешто повеќе за оваа тема или би сакале да го пријавите грешка во текстот?

www.index.hr

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk