Науката е близу до победата над детската леукемија

1818

Акутната лимфобластна леукемија е предизвикана од серија биолошки настани. Првичното активирање е генетска мутација која се јавува кај едно од 20-те деца.

“Мутацијата ја предизвикува некој вид на инцидент во утробата. Мутацијата не е наследна, но остава кај детето ризик за развој на заболувањето подоцна во животот”, вели Greaves.

Голем проблем

За целосно развивање на леукемијата, потребен е уште еден биолошки настан, кој го вклучува и имуниот систем.

“Имунолошкиот систем нема да биде целосно функционален ако детето во текот на првата година од животот не е изложен на инфекција. Без таа конфронтација со инфекцијата, системот нема да работи правилно”, рече Greaves.

Тоа е голем проблем. Од разбирливи причини, родителите за време на растењето на децата користат антисептични марамици, антибактериски сапуни и разни средства за дезинфекција. Нечистотијата е искоренета од нашите домаќинства. Покрај тоа, има се помалку деца кои се дојат, а се намалуваат и социјалните контакти со другите деца. Затоа е намален контактот на децата со микроорганизмите. Тоа има и свои предности, но и маани. Малите деца веќе не се изложени на разни бактерии и инфекции, како што било порано, а тоа нивниот имунолошки систем го остава неразвиен.

“Кога такво дете ќе биде изложено на обични инфекции, неговиот имунолошки систем реагира ненормално и претерано, и се развива хронично воспаление”, нагласува Greaves.

Целта е да се спречи развојот на леукемијата

Како воспалението напредува, во крвта се ослободуваат протеини цитокини, кои кај децата со првата мутација можат да предизвикаат втора мутација, и на крајот леукемија.

“За болеста се потребни две мутации за да се развие. Втората мутација е резултат на хронично воспаление, која се јавува како резултат на неподготвениот имунолошки систем”, рече Greaves.

Со други зборови, чувствителното дете страда од хронично воспаление кое е поврзано со модерните, суперчисти домови. Воспалението ја менува неговата чувствителност кон леукемијата која така се развива како болест. Од таа перспектива, болеста нема никаква врска со далеководите или со постројките за преработка на нуклеарното гориво, туку е предизвикана од интеракцијата на пренаталните и еколошките настани, како што истакна Greaves во магазинот Nature Reviews Cancer минатата година.

“Овие наоди нѝ даваат можност да интервенираме и да спречиме развој на леукемија. Ние не знаеме како да ја спречиме појавата на иницијалната мутација во матката, но можеме да изнајдеме начини да го блокираме хроничното воспаление, кое се јавува подоцна”, вели Greaves.

Поради тоа со неговите соработници започнал да работи на бактерии, вируси и други микроби кои живеат во човечкиот дигестивен систем. Тие нѝ помагаат да ја свариме храната, но и покажуваат на кои се бактерии сме биле изложени во текот на животот. На пример, луѓето во развиените земји имаат помалку видови бактерии во дигестивниот систем и тоа затоа што во раните фази од животот биле изложени на мал број микроорганизми. Тоа е резултат на животот во суперчисти куќи.

Продолжува на страна 3