Познати жени кои одлучиле да не родат деца

459

Одлуката дали една жена ќе се оствари како мајка е приватна работа и никој не би требало да се меша во тоа, особено не со своето мислење на таа тема.

Многу жени донеле ваква одлука, без разлика на тоа дали наишле на поддршка или осудување.

Ова се неколку познати дами кои избрале живот без деца

Камерон Дијаз

Во едно интервју таа изјавила дека одгледувањето дете е преголема работа и одговорност и дека таа, едноставно, не е за тоа.

„Сакам да се грижам за други луѓе, но никогаш не добив желба да се остварам како мајка“, изјавила таа.

Бети Вајт

Актерката секогаш била отворена по ова прашање. Таа неколкупати изјавила дека ги сака децата, но дека ѝ е проблем тоа што тие растат и стануваат луѓе.

„Сепак, повеќе ги сакам животните отколку луѓето“, кажала Бети.

Џенифер Анистон

Уште во времето кога беше во брак со Бред Пит, таблоидите цело време го „ловеа“ нејзиниот стомак и чекаа славниот пар да објави вест за бременост. Според неа, одлуката за раѓање дете не треба да биде под притисок, туку жената сама да одлучи.

Доли Партон

Кантри-ѕвездата не сакала да има деца, бидејќи доаѓа од семејство со многу браќа и сестри. Некои од нејзините роднини живееле кај неа од рана возраст и пејачката се презаситила од тоа.

Опра Винфри

Опра никогаш не сакала да има деца и смета дека ако ги имала, тие би ја мразеле.

„Сигурно би завршиле во мојата емисија жалејќи се од мене. Тие сигурно би страдале, бидејќи не би ја жртвувала својата кариера“, смета Опра.

Ким Катрал

Популарната ѕвезда од „Сексот и градот“ секогаш вели дека заедничко со ликот кој го глуми е одлуката да нема деца.

„Смешни се, слатки се, но секогаш ми предизвикуваат главоболка“, изјавила Катрал.

Хелен Мирен

Актерката тврди дека прашањето „Зошто немаш деца?“ никогаш не го добила од други жени, туку повеќе од здодевни и љубопитни мажи. Таа смета дека децата не се нејзина судбина, иако кога била млада мислела дека можеби некој ден ќе се предомисли.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.