Вистинската жена не ја брка среќата. Таа воопшто ништо не брка.
Таа си е интересна сама за себе и ужива во осаменоста со задоволство и сето она што го прави, го прави од љубов за себе.
Во денешниот свет многу е популарно да се биде “business woman”, “vamp vomen” или ладна кралица, но вистинската жена не се вклопува во ниту еден од овие шаблони. Меѓу сите овие жени кои сакаат да бидат популарни или да се вклопат некаде, секогаш се наоѓа понекоја која е само своја, која работи кога сака, што и како сака, која е уникатна и посебна, вистинска жена.
Следат 10 заповеди на вистинската жена:
1. Таа не ја брка среќата
Таа воопшто не брка ништо. Трчање по среќата е најпопуларен и најглупав спорт. Сите ние некаде трчаме. Кон светлата иднина, утрешниот ден, следната година, и така натаму. Вистинската жена не се занимава со овој вид “спорт”. Таа плива во животот и секогаш се наоѓа во денешниот ден.
2. За неа сегашноста е најинтересна и најважна од сè
Се разбира, таа има планови за во иднина, но не го одложува живот за утре. Не чека нејзиниот вистински живот да почне кога конечно ќе ја намали телесната тежина, кога ќе дојде принцот, кога ќе има соодветни околности, итн. ТАА живее сега.
3. За да се биде вистинска жена е голема привилегија, и таа тоа го разбира
Со внимание се однесува кон фактот дека е родена како жена, и во тоа гледа посебна вредност. Таа се осознава себе си како жена на ниво на поимот, таа таква се чувствува. За неа да се биде вистинска жена, не е тешка работа и не е крст кој треба да се носи цел живот. Тоа е дарба и благослов на судбината.
Вистинската жена негува во себе женственост на сите нивоа: внатрешно ниво (чувства, емоции, мисли) и надворешно ниво (тело, облека, однесување).

Продолжува на страна 2



















