10 заповеди на вистинската жена

2770
  1. Таа живее со свое темпо

Кога живеете премногу бавно, немате чувство дека тоа е животот. Кога живеете премногу брзо, немате време да го почувствувате животот. Секој од нас има свое темпо на живот. Вистинската жена добро знае, го чувствува и живее во согласност со него. Таа сама го регулира својот товар и на тој начин поставува темпо на околностите кои ја опкружуваат. Вистинската жена живее така што работи она што сака, без губење на вкусот на животот. Од своите дејствија не ѝ е најважен бројот на движењата, направени во единица време, туку пресметаноста и сознанието дека нешто работи и зошто тоа го работи.

5. Таа само по себе е на прво место

Ова не значи дека е себична, нечувствителна, индиферентна или цинична. Тоа само значи дека прекумерната желба да се занимава со други луѓе е скриен страв да живее свој живот. На вистинската жена и е интересен нејзиниот живот. Таа никогаш не го губи чувството на вредноста на своето лично пространство. Но, во исто време е способна да поддржи, помогне и учествува во животот на другите луѓе.

Таа не вели "да", ако срцето и вели "не". И секогаш се слуша себе си и им верува на своите чувства.

6. Неа не ѝ треба “упаство за јавно мислење”

Ова упатство – за родителите, наставниците, соседите, роднините, пријателите и колегите, уште во детството го добила секоја девојка. Вистинската жена го фрлила “упатството”. Нека другите ги ставаат цртичките во колоните: мажена – немажена, обична – необична, сама – не е сама, како кај сите – не е како кај сите … Вистинската жена живее во своите рамки, сама ги смислува и самата ги отелотворува. А ако не се слични со стандардите на другите, тоа толку многу не ја загрижува. Таа им дозволува на другите да проценуваат така како тие сакаат. Таа знае дека мисијата “да им се допаднеш на сите” е глупава и невозможна.

Вистинската жена работи на себе, но никогаш тоа не го работи за да заработи нечие одобрување. Таа тоа го прави од љубов кон себе.

Продолжува на страна 3