Четириесеттите | Еве зошто животот за вас допрва почнува!

212

Жените после четириесеттата … Кои се тоа жени?

Ранливи, па дури понекогаш и беспомошни. Наивни, полни со самодоверба, како и во тринаесеттата. Одамна ја заборавиле незрелата романтика на петнаесетгодишната девојка, ентузијазмот на дваесетипетггодишната и рационалноста на оние кои се над триесеттата.

Нов свет

Многу виделе. Понекогаш затворале очи. А подоцна ги отвориле и забележале нов свет, сосема нова, нов живот.

Тие повторно веруваат во подобро, затоа што ним “најлошото” веќе им се случило. Тие го добиваат најдоброто, бидејќи се способни да видат добро таму каде што другите дури и не го забележуваат.

Тие имаат изострен поглед, чувствителен слух и нежни раце. Тие се држат до она што е најдобро за нив.

Тие се убави. Тие не се само симпатични. Тие се неверојатно убави, бидејќи станале свесни дека имаат убаво, здраво и корисно тело. Тие научиле да го сакаат своето тело, така што на сите им се привлечни. .

Тие ја знаат тајната, баш тие жени на возраст по четириесеттата.

Доста им е од приказните за “милиони”, “кариери” и “социјалните статуси”. Тие сега точно знаат дека она што е најважно не е она што се прикажува на телевизија, што пишува на интернет и на статусите на социјалните мрежи.

Во животот важен е самиот живот: неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способноста за радост на секој ден.

Тие одамна ги заборавиле вообичаените фрази, тактики на заведување и подготовка на облека за излегување. Повеќе не се во фаза на “активна побарувачка”, бидејќи тие веќе го пронашле она што им било потребно сите овие години – себе, вистинската себе.

И произлезе дека се такви – вистински, многу интересни и интересни за сите. Па, речиси на сите.

Продолжува на страна 2