Четириесеттите | Еве зошто животот за вас допрва почнува!

1639

Тие повторно можат гласно да плачат и да се смеат. Веќе престанале да ги носат “оклопите” на општествените норми на однесување, забрани и дозволи.

Тие не го сакаат она време кога морале да го држат грбот исправено и главата без оглед на она што се случува, времето на смеата кога им се плачело и време на тивкото потврдување со главата кога сакале да го возвратат ударот.

Престанале да се воздржуваат, излегле на слобода – живи, сигурни, беспрекорни!

Тие живеат исто како што и дишат: силно, а потоа тивко, а потоа нежно, одвај чујно, потоа забрзано и невнимателно. Тие дишат во ритамот на животот, во ритамот на дишењето.

Конечно, по четириесеттата тие успеваат да живеат во исто време со животот!

Жените на возраст од четириесет години – не се тетки! Тие носат подолги здолништа, бидејќи тоа е елегантно и женствено. Но, тие носат и кратки здолништа и фармерки и бижутерија …

Тие немаат потреба да се докажуваат – “имам дијаманти”.

Важно е дека тоа им се допаѓа.

Никаде не доцнат.

Тие сакаат да бидат убави заради себе. Тие се тренд сами за себе. Жените на возраст од четириесет манично запираат да ги бројат калориите. Поради тоа што љубовта, интересот, движењето, виталноста и инспирацијата им помагаат многу подобро од фитнес центрите и пластичните хирурзи.

Па да, тоа и е причината зошто тие станале толку убави.

Тие ја ценат секоја минута, сите стигнуваат на време, никаде не доцнат, бидејќи никаде не брзаат.

Тие сè постигнуваат. Тие се борат. Тие едноставно – живеат.

Знаат точно, дури и по 40 години од сега – ќе биде уште поинтересно!

Извор: Форум