Бананите содржат три видови на шеќер: фруктоза, сахароза и гликоза, како и влакна, а тоа е комбинација која прави да се чувствувате сити подолго време.
Истражувањата покажале дека само две банани дневно се доволни за 90 минутен тренинг. Ако сте и вие љубител на банани, оваа диета, најверојатно, ќе ви годи, а најдоброто нешто е тоа што навистина нема да се чувствувате гладни.
За недела дена, можете да симнете и до пет килограми, но пред да почнете да ја практикувате задолжително консултирајте се со вашиот лекар и нутриционист.
ПОЈАДОК
Изедете само една банана. Ако сте гладни, по 15 минути слободно изедете уште една. Не треба да се јаде друго овошје за појадок, но ако мислите дека бананата нема да биде доволна, може да изедете и две или три лажици варен ориз. Јадете само зрели банани.
РУЧЕК И ВЕЧЕРА
Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако би било идеално да јадете до 18 часот. Што се однесува до намирниците за ручек и вечера не сте ограничени со изборот и можете да го јадете она што нормално би го јаделе. Сепак, обидете се порциите да се помали и да избегнувате десерти.
Јапонките се познати по витка линија, но тие се обидуваат по ручекот никогаш да не се сосема сити. Исто така, не би било лошо да се избегнат јагленохидрати, бел леб, бел ориз, шеќер и белото брашно
САМО ВОДА
За време на диетата единствена течност која ви е дозволена е само вода, минерална вода или обична. Обидете се водата која ја консумирате да биде на собна температура. Кога ја пиете, пијте ја во мали голтки, не се “налевајте”. Во текот на денот можете да пиете кафе, чај или свежо исцеден сок.
За посебни прилики ви е дозволена една чаша пиво или вино.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2