Ако сте под стрес, задолжително јадете го ова

187

Покрај здравата храна која е задолжителна во пакет со модерниот начин на живот, постојат некои намирници кои мора да ги консумирате за да му се спротивставите на стресот.

  1. Овесни снегулки со бобинки и ореви

Овесните снегулки содржат витамин Б и влијаат позитивно на расположенитето. Овошјето од групата бобинки има големо количество на витамин Ц што го држи стресот под контрола, додека оревите се богати со омега 3 киселина која пак го зголемува задоволството.

2. Крекери со цели зрна и путер од кикирики

Крекерите со цели зрна се богати со јаглехидрати, тие го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта, а тоа влијае на доброто емоционално здравје. Путерот од кикирики го снабдува телото со протеини и секогаш здрави масти.

3. Зеленчук комбиниран со сирење

Доколку ви е тешко во одреден дел од денот , она што дефинитивно ќе ве расположи е вкусниот зеленчук врз кој ќе изрендате малку сирење. Калциумот во сирењето помага за смирување на нервите, додека зеленчукот е докажан борец за нашето здравје.

4. Топла вода со лимон

Кога знаете дека ве чека напорен ден, слободно напијте се чаша млака вода со неколку капки лимон. Водата го стимулира вашиот стомак да се исчисти од собраните отрови, додека лимонот ќе му помогне на вашето тело да се разбуди и правилно да го започне денот.