Додаток за глава може да го менува расположението на човек за неколку минути

1006

Велат дека сè е прашање на психа и оној кој може да се владее, може да постигне многу.

Според новата компанија Thync не е задолжително да се оди на часови по самообразование или пак да вложуваат некакви особени напори.

Компанијата е подготвена со нов уред со истото име, за кој вели дека може да го промени расположението на човек за неколку минути. Направата се става на главата и се активира преку smartphone. Од него се избира и какво расположение сака човекот.

Може да се посака успокојување, намалување на стресот или пак да помогне за заспивање. Постојат неколку начини, вклучувајќи за мотивирање пред работа или тренинг, “инфузија на енергија” и др.

Креаторите на апратот велат дека тој користи комбинација на технологии и неврологија и е тестирана и безбедна, иако не се смета од страна на властите за медицински уред, туку за “животен стил”.

Потребни се само пет минути носење, за да се постигне саканоторасположение, а “опипливиот ефект” трае околу еден час, но човек се чувствува мотивиран или пак мирен уште неколку часа потоа, велат од компанијата.

Недостатокот на Thync е цената. Таа е 300 долари, а апликацијата за паметните телефони во моментов е достапно само за iOS, што ја ограничува и потенцијалните клиенти.