Што сексот зборува за вашата врска

536

Сексот е еден од најголемите индикатори во која фаза е вашата врска или бракот, па прочитајте ги овие неколку совети, добро ќе ви дојдат.

Верувале или не, на мажите, сексот не им е сè на светот. Да, исклучително е важен, но освен тоа мажите имаат и некои други работи на ум. Сепак, како што не се елоквентни во повеќето случаи, со сексот тие сакаат да пренесат пораки кои не можат да ги артикулираат.

Така повеќе секс можете да го протолкувате како желба за интимност, а не само ненаситен сексуален нагон. Мажот на таков начин покажува дека сака да биде со вас, но како што е несигурен, не знае како ќе реагирате ако тоа го каже со зборови. Вака му е многу полесно …

Мажот ќе се обиде да ги исполни сите ваши сексуални фантазии, но треба да му се кажат многу јасно или да му се даде до знаење со иницијатива во кревет. Добро знаете дека мажите се многу лоши во читањето на женските мисли.

Што се однесува до неверните партнери, знајте дека причината за измама не е недостаток на љубов во повеќето случаи, туку некои проблеми во врската не знае да ги реши сам, па бара излез. Решението е едноставно – разговор.

Исто така, ако не постои секс, тоа не значи дека ве мами или дека повеќе не сте привлечна за него, туку дека тој се чувствува запоставен и дека треба да му се даде јасно до знаење колку го сакате и ви е потребен, па сè ќе се врати во нормала.