Во продажба лек против дебелина

122

Лекот против дебелина, кој го произведе американската лабораторија Orexigen Therapeutics (OT), доби одобрение за комерцијализација во Европа, каде наскоро ќе се најде во продажба.

Одборот за лекови наменети за човечка употреба (ЦХМП) при Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се одобри продажбата на „мисимба“, лекот против дебелина, кој во САД се продава под името „контрав“.

„Мисимба“ е комбинација од два активни принципи – „налтексон“ кој се користи при лекување на зависност од алкохол и опијати, и лекот „бупропион“ кој се препишува како антидепресив и за одвикнување од цигари.

ЕМА соопшти дека „мисимба“ ќе се издава само на рецепт и е наменет за возрасни лица со прекумерна тежина кога се изложени на еден или повеќе фактори на ризик, како што е зголемен крвен притисок или ниво на холестерол. Меѓу потенцијалните несакани ефекти од лекот, Агенцијата ги наведува проблемите со централниот нервен систем, како и можни кардиоваскуларни последици.

Пациентите на кои лекарите им препишале терапија со „мисимба“ ќе мора, според ЕМА, да дојдат на контрола за 16 недели, а терапијата се прекинува во случај да немаат загубено помалку од пет отсто од својата почетна телесна маса.

„Зеленото светло“ на ЕМА сега треба официјално да биде одобрено од Европската комисија пред почеток на продажбата во секоја од земјите-членки на ЕУ.

*Пртед употреба на лекот консултирајте се со вашиот матичен лекар.