Едно од најлесните јадења кои човек може да ги приготви за ограничено време и со ограничени производи е омлет.
Постојат многу негови варијанти , вклучувајќи и такви за вегетаријанците .
Овој рецепт исто го исклучува месото, за сметка на што пак во составот има други вкусни замени.
За околу 15 минути може да приготвите прекрасен вегетаријански омлет и тоа две порции од него. Пред тоа, бидете сигурни дека ги имате следниве производи:
- 6 јајца;
- ¼ чаша течна павлака за готвење;
- сол и бибер по вкус;
- 2 лажици масло;
- ½ главица кромид – исечена на мали коцки;
- ½ чаша домати – сечени на половина;
- 1 чаша и половина спанаќ;
- ½ чаша рендан кашкавал;
Начин на приготвување
1. Изматете ги јајцата во доволно голем сад. Додајте павлака за готвење, сол и црн пипер. Промешајте повторно.
2. Загрејте нелеплива тава на умерена температура и со стопен путер. Потоа ставете сецкан кромид и гответе за неколку минути додека се здобијат со златно-кафеава боја.
3. Додадете исечени домати и спанаќот. Зачинете со уште сол и бибер по вкус.Промешајте и гответе, додека ливчињата спанаќ “омекнат”.
4. Потоа додадете ги јајцата и повторно промешајте. Намалете ја температурата на ринглата до ниска и полека мешајте ја смесата.
5. Кога јајцата се речиси готови, додадете рендан кашкавал и продолжете да мешате.
6. Послужете кога вегетаријанскиот омлет е подготвен. Може да украсите и со овошје (по желба).
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















