Откриeна улогата на витаминот B9 против ризикот од мозочен удар

1376

Комбинацијата на витамин B9 и лек против висок крвен притисок (еналаприл) доведува до јасно изразено намалување на ризикот од цереброваскуларни инциденти, покажува студија меѓу над 20 илјади возрасни во Кина.

Оние луѓе кои страдале од висок крвен притисок, никогаш пред почетокот на ова истражување не добиле инфаркт, велат авторите кои ги презентираа резултатите на конференцијата на Американскиот колеџ за кардиологија (American College of Cardiology – ACC), одржан овој викенд во Сан Диего , Калифорнија. Истражувањето е објавено во списанието на Американското медицинско здружение (JAMA).

Д-р Јонг Хуо од првата универзитетска болница во Пекинг и неговиот тим избрале случајно половина од групата возрасни, на кои им пропишале секојдневно примање на 10 милиграми еналаприл и 0,8 мг фолна киселина (витамин B9), а само еналаприл – на другата половина на учесниците. Тестот се остварил помеѓу мај 2008 и август 2013 година.

Истражувачите исто ги тестирале учесниците за различни варијанти на генот, кој би можел да влијае на нивото на витамин B9.

Во средината на периодот од 4,5 години, 282 учесници во првата група, или 2,7% од вкупниот број, преживеале некаков проблем, а од контролната група тие биле 355 (3,4%) што претставува релативно намалување на ризикот за 21%.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2