
Анализата на податоците покажува значително намалување, меѓу учесниците во групата која земала еналаприл и витамин B9, на инфаркти и кардиоваскуларниот морталитет со 25% (3,1% наспроти 3,9%). Но немало значителна разлика во двете групи во однос на хеморагичен мозочен удар.
Цереброваскуларните инциденти се на прво место меѓу предизвикувачите на смрт во Кина и на второ во светот.
Во воведната статија на JAMA д-р Мејр Стемпфер и Волтер Уилет од Харвард Школата за јавно здравје, пишуваат дека “резултатите од оваа студија имаат важно значење за превенција на мозочен удар во светот”.
“Значаен дел од населението во светот, потенцијално неколку милијарди – во северниот дел на Кина, во Бангладеш и Скандинавија, имаат пониски нивоа на фолна киселина”, потсетуваат тие.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















