Дами, не спијте со градник, опасно е!

1126

Многу дами веруваат дека ако спијат со градник, ќе ги заштитат градите од паѓање. Слично верување споделувала дури филмската Мерилин Монро.

Британски експерт, цитиран од весникот “Дејли експрес”, сепак го поби раширеното верување и предупредува дека оваа практика може да биде опасна.

Д-р Сет Ранкин од Докторс клиника во Лондон објаснува дека со староста ткивата во областа на градите ја губат својата еластичност и висењето е неизбежен резултат.

Експертот предупредува дека носењето на градник не помага да се спречи ефектот на гравитацијата на градите. Спиењето со градник исто така не е од корист и дури може да биде опасно.

Стратегот објаснува дека градниците ги ограничуваат лимфните жлезди околу градите и пазувите, кои придонесуваат за празнење на токсични нуспроизводи надвор од градите.

Со оглед на тоа д-р Ранкин препорачува жените да избегнуваат да спијат со градници, како и да не носат премногу тесна горно долна облека.