Научниците го вклучија алармот | Животните почнале да бегаат од Арктикот

391

Моржот забележан на карпите во ирската област Кери е веројатно младо животно кое го напуштило Арктикот во потрага по ново живеалиште и храна, го пренесува ВВС мислењето на експертите.

Ретка глетка во неделата забележа локален жител во друштво на неговата петгодишна ќерка. Но, веќе во понеделникот, набљудувачите рекоа дека нема знаци на животното во областа.

Ваквите сцени се многу невообичаени, а возрасен морж е виден на северниот и западниот брег на Шкотска во 2018 година.

Том Арнбом, постар советник на WWF за Арктикот и морскиот живот, изјави дека моржот изгледа релативно млад.

Честопати младите животни се осмелуваат да одат на долги патувања за да најдат нови области за хранење, објасни тој.

Алан Холихан за ирските медиуми изјави дека тој и неговата ќерка забележале цицач на островот Валенсија кога биле на прошетка за време на викендот.

Тоа животно беше огромно, како голем бик, рече тој.

– Подоцна, тој исчезна во морето некое време, а потоа се врати и лежеше на карпата добри неколку часа. Беше фантастично.

Морскиот биолог Кевин Фланери изјави:

– Ова е првиот потврден случај на морж во оваа област. Но, мислам дека тоа е еднократна појава.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.