Таџ Махал | Мудар трик на архитектите кој ја штити познатата крипта од катастрофа

2616

Шах Јахан стори сé што е во негова моќ да го заштити гробот на својата сакана сопруга од распаѓање, вклучително и посебен начин на градење што би го зачувал во случај на уривање на столбовите …

Таџ Махал е една од најубавите градби во Индија, но и во целиот свет. Изграден е од бел мермер кој ја менува бојата во розова во текот на денот, во зависност од движењето на сонцето. Шах Јахан изградил прекрасна гробница во спомен на неговата сакана сопруга Мумтаз, која починала при породување на 39-годишна возраст.

Силата на луѓето и слоновите

Шахот вработил архитекти, градители и скулптори од целиот свет. Таџ Махал е изграден од 20.000 работници кои користеле илјада слонови и им биле потребни 22 години да го завршат овој потфат. Покрај самата палата, посебно внимание се посветувало на уредувањето на градините и езерцето во кое се рефлектира прекрасната палата.

Mumtaz Mahal и Shah Jahan

Единствениот дел од палатата без украси

Несоодветно е муслиманите да разубавуваат гробници со бројни украси, па единствениот минималистички дел од палатата е оној во кој Шах Јахан ја положил сопругата да почива.

Потпрени кули

Четирите минариња на Таџ Махал не постојат од естетски, туку од практични причини. За да ја заштити криптата, архитектот Устад Ахмад Лахаури малку ги навалил кулите за да не ја уништи гробницата во случај на пад.

Опасност од уривање

Денешните експерти изразија загриженост дека Таџ Махал може лесно да се сруши поради пресушувањето на блиската река. Откако измериле дека еден од столбовите се префрлил скоро 4 инчи во осумдесеттите години, тие предвиделе дека палатата може да се сруши до 2016 година. За среќа, тоа не се случило, а Индијците биле решени да го заштитат од распаѓање.

Еден куп бамбуси

Индиската икона беше многу ранлива за време на Втората светска војна. За да го заштитат од непријателот, Британците направиле заштита за авионите што летале над Таџ Махал да видат само куп бамбуси.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.