Добар однос со свекрвата – Дали е тоа можно?

1530

Колку жени познавате кои може да се пофалат со одличен однос со својата свекрва?

Дури и повеќето толерантни меѓу нас понекогаш не можат да избегнат конфликт, или одмерување на моќта и влијанието на жената што пред бракот, беше веројатно најголемата доминантна жена во животот на нашиот сопруг. Не се споменуваат без причина свекрвите и снаите како  спротивставени страни во семејството. Покрај тоа, една од најчестите причини за стрес на мажените жени во бракот е свекрвата…

Колку и да е специфична и комплицирана врската, не дозволувајте семејната среќа и мирот да го нарушува нестабилен и неорганизиран однос со мајката на сопругот. Ние се обидовме да поработиме на решението на овој мал проблем. Тоа, сепак, бара повеќе време, но клучен фактор за избегнување на конфликти и намалување тензии е обидот да се постигне заемно разбирање.

Ако се најдете во позиција да  забележите како свекрвата ги критикува или ги игнорира вашите родителски вештини, не заборавајте дека таа всушност, можеби се чувствува загрозена, затоа што таа чувствува дека нејзиното женско влијание е намалено со доаѓањето на новата жена во семејството. Се очекува, иако не е нормално, свекрвата да се чувствува загрозено, бидејќи чувствува дека нејзината мајчинска улога станува излишна. Не изненадува дека мајката ќе се штити и ќе го штити  начинот на кој таа ги израснала своите деца и го градела семејството. Младите мајки, од друга страна чувствуваат дека нивниот пат кон изнаоѓање на вистинските начини за засновање на своите семејства е полн со пречки и во секој момент со куп рецепти. Ете можност за остар судир на генерации!

Ако немате изградено силна врска со мајката на својот партнер пред да создадете деца, очекувајте работите да се влошат кога бебето ќе дојде на свет. Ако несогласувањето околу начинот на уредувањето на семејниот живот постоеле пред раѓањето на деца, различни мислења за згрижување на децата и воспитувањето, тоа најчесто само ќе долее масло на огнот, иако некои свекрви и ќе”омекнат” кога ќе станат баби.

Продолжува на страна 2