Добар однос со свекрвата – Дали е тоа можно?

1726

Без оглед на природата на конфликтот со свекрвата, обидете се да ја разберете и да ги надминете несогласувањата со помош на една од следниве тактики:

Во најсериозниот судир, не заборавајте дека вашата свекрва  поминала низ период на предизвици во текот на растењето на детето, на вашиот сопруг, исто како што сега и вие го поминувате. Како децата растат ќе видите дека и вие одвај ќе сватите дека постои особа доволно добра за вашето дете. Мајките само го сакаат најдоброто за своите синови, а понекогаш едноставно им е тешко грижата да ја препуштат на неговата сопруга.

Еден од клучните фактори во воспоставување и одржување на здрава врска со свекрвата е понекогаш едноставно да ги игнорираате забелешките и коментарите кои ви одат на нерви. Веројатно ќе постојат многу ситуации кога вашата свекрва нема да сака да ви наштети, едноставно само мислењата и искуствата ви се разликуваат. 20, 30 или повеќе години е доволно за стилот и животните навики да се променат и нешто што било незамисливо во нејзино време може да стане сосема нормално кога нејзината снаа ќе стане мајка. За некои од работите, како таа дека вашето мислење се разликува од нејзиното, едноставно не вреди да се расправате, да префрлувате. После се’, вие двете ќе треба да најдете начин да се согласите, пред се со оглед на тоа дека нејзиниот син се заљубил во вас и одлучил заедно со вас да создаде семејство.

Колку што е важно да се занемарат ирелевантните расправии, подеднакво е важно вашите ставови за важни прашања во родителството да се јасни и непроменливи. Бидете цврсти и поставете јасни граници на родителски авторитет и граници до кои може да оди добрата волја на бабата во мешање. Ако поставите граници и се фокусирате на она што навистина е важно, полесно ќе отстапите од ситниците и ќе престанете  да се нервирате за нив.

Семејството и пријателите не се само за убави моменти и за семејни прослави, често се и семејни односи врз основа на толеранција и трпение. И да, магично стапче што го прави вашиот однос со вашата свекрва да биде идеален, не постои, но затоа можете да се потпирате на своите вештини и сетете се дека без таа жена, која понекогаш ве иритира и се обидува да влијае врз вашиот живот, вашиот партнер немаше да биде лицето со кого ќе го поминете вашиот живот. Тоа значи дека дури и ако не ви се допаѓаат нејзините крофни за кои нејзиниот син мисли  дека  се најдобри на светот, сепак постои нешто што  дефинитивно добро го направила.

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk