99-годишник ни открива 24 животни лекции

1560

Вилијам Бредфорд Џејмс Андерсон бил во брак цели 67 години, сѐ додека неговата сопруга не починала.

За тие 67 години преживеале многу работи, изгледале две деца и посвоиле едно момче. Овој старец немал можности да се запише на факултет, но постигнал многу во својот живот.

Во продолжение дознајте што научил тој во текот на својот живот, и кои кратки животни лекции сака да ги сподели со вас.

1. Секогаш негувајте добра смисла за хумор.

2. Не двоумете се да почнете од нула.

3. Вежбајте секојдневно, дури и кога не ви се мрда од дома.

4. Не трошете повеќе пари отколку што можете да заработите.

5. Секојдневно пијте природно цеден сок од портокал.

6. Љубовта на прв поглед не е бајка.

7. Подобро е да имате лоша работа, отколку да немате никаква.

8. Јадете онолку колку што ви е потребно, не прејадувајте се.

9. Вашето семејство е нешто најдрагоцено што можете да го имате во животот.

10. Животот е чувствителен, ако го занемарите, може да се расипе.

11. Никогаш не плашете се да бидете она што навистина сте.

12. Сите имаат премногу облека. Носете го она што го имате и престанете непотребно да купувате.

13. Морате да бидете способни да опростите, дури и тогаш кога тоа ви изгледа невозможно.

14. Сега чувајте пари, трошете ги подоцна.

15. Љубовта не е секогаш лесна, често треба многу да се работи на неа.

16. Најдете нешто смешно во секоја ситуација во која ќе се најдете.

17. Кога ќе наидете на проблем, немојте да го одложувате неговото решение. Ако не постои начин да го сфатите, продолжете понатаму и заборавете на тоа.

18. Погрижете се да го работите она што навистина го сакате. Не плашете се да ги следите своите соништа.

19. Образованието е важно, но не е неопходно. Животот сам по себе може да биде ваше училиште.

20. Истражете го вашиот свет и секогаш бидете љубопитни.

21. Обидете се да не ги сфаќате сите работи премногу сериозно.

22. Моето целосно име е Вилјам Бредфорд Џејмс Андерсон (William Bradford James Anderson) и моите иницијали WBJA постојано ме потсетуваат да се запрашам: „Зошто да бидам кој било?“ (Why be just anybody?)

23. Имајте здрав разум. За секоја ситуација размислете убаво. Доколку работите во животот не произлегуваат од здрав разум, ќе пропаднете.

24. Животот е подарок кој морате да го отворите. На вас е да одлучите дали она што е внатре ќе ве усреќи или ќе ве фрли во очај. Вие имате таква моќ

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.