Рејчел Фарок била преслаба, едвај можела да зборува и била на работ на смртта. 37-годишната Американка имала само 18 килограми кога упатила емотивна молба за да ѝ се помогне пред да биде предоцна.
Благодарение на добродушни лица кои донирале над 200.000 долари, Фарок доби соодветна медицинска помош и сега брзо се опоравува од канџите на анорексијата.
Рејчел го покажа својот огромен напредок на маршот во Вашингтон за подигнување на свеста за нарушувањата во исхраната.
„Имам огромно семејство – се вика светот. Тие ме прегрнаа со една голема прегратка“ – изјавила таа во знак на благодарност кон хуманите лица кои донирале средства и ѝ испраќале охрабрувачки пораки.
Рејчел не можела да се движи сама, бидејќи преслабите нозе не можеле да го издржат товарот, а денес може да оди самостојно. Таа во минатото се обидувала да изгради актерска кариера, но сега е решена да биде активистка за да им помага на оние кои страдаат од нарушувања во исхраната.
За време на тешкиот период, најголема поддршка Рејчел добивала од својот сопруг кој се откажал од работата како личен тренер за да се грижи за неа.