Секој маж со кој водам љубов го има ИСТИОТ проблем

371

Поради ова, таа станала сексуално фрустрирана.

Секогаш е фрустрирачко кога некој проблем ви се повторува одново и одново, особено ако се повторува со неколку различни сексуални партнери.

Една 36-годишна жена ја сподели својата необична приказна, која подолго време ја мачи, поточно шест години.

Таа вели дека по природа е многу сексуална личност и дека би сакала да се омажи, но дека досега не ја запознала вистинската личност, затоа што се среќавала само со лош секс.

„Проблемот што постојано ме придружува се мажи со разни проблеми со ерекцијата. Мојот неодамнешен партнер би можел да да ја задржи само за кратко време и ми рече дека класичниот секс не е нешто што го возбудува премногу, туку дека тој претпочита мастурбација. Другото момче не беше толку лошо во кревет, но тој одби секаков вид на допир по тие 20-тина минути“, вели оваа жена.

Таа додава дека пред ова момче имала друг кој требала да го задоволува 10-20 минути за да постигне ерекција, а таа состојба би му останала околу 3 минути.

Но, тука не е крајот.

Are You in a Sexless Marriage?

„Тоа многу ме фрустрира. Пред него, имав момче кое немало сексуални односи со години, па тој, или свршува во рок од 30 секунди или воопшто не би се движел за односот да трае подолго. Со него можев ѝ да доживеам некоја возбуда, но раскинавме заради други работи“, признава таа.

Исто така, пред него, била во врска со маж кој целосно го игнорирал својот проблем и инсистирал да продолжат со сексот, иако воопшто не можел да постигне ерекција.

„Списокот се шири и шири. Практично немам квалитетен секс веќе шест години. Сите се на моја возраст или се помлади, но сите имаат проблем со ерекцијата. Се обидов да бидам трпелива и да разговарам со нив за тоа, но тие главно избегнуваа ваков тип на приказна“, вели оваа жена.

Таа додава дека разбира дека, во повеќето случаи, се срамат од својот проблем, но дека сето тоа влијае и на неа.

„Ми недостасува нормалниот секс и знам дека не би била среќна во некоја врска без тоа. Не разбирам зошто ова ми се случува постојано. Сега сум заглавена во мисли на сексуална фрустрација и не можам да се ослободам од нив“, заклучува таа.