Ламите како алтернатива ? Овие “плукачи” би можеле многу да помогнат во лекувањето на ковид-вирусите | Нивните мали антитела ефикасно го таргетираат вирусот!

265

Научниците велат дека резултатите се првиот чекор кон развивање на нов вид третман за Ковид-19, што може да се покаже како непроценливо додека продолжува пандемијата.

Малите антитела произведени од јужноамериканските лами може да бидат ново оружје во борбата против коронавирусот, покажуваат истражувањата.

Научниците од Институтот Rosalind Franklin откриле дека нанотелата-помала, едноставна форма на антитела произведени од ламите и камилите во форма на спреј за нос, можат ефикасно да го таргетираат вирусот Sars-CoV-2 што предизвикува Ковид-19. Според студијата, молекулите со краток синџир, кои можат да се произведат во лабораторија, значително ги намалиле симптомите на Ковид-19 кога се давале на заразени животински модели.

Нанотелата цврсто се врзуваат за вирусот неутрализирајќи го во лабораторија и можат да обезбедат поевтина и поедноставна алтернатива на човечките антитела земени од пациенти кои оздравуваат од Ковид-19.

Човечките антитела се користат за сериозни случаи за време на пандемија, но тие обично е потребно да се дадат во болничка инфузија.

Голем број предности на нанотела

“Иако ова истражување е сѐ уште во рана фаза, отвора значителни можности за употреба на ефективни третмани за Ковид-19 со нанотела”, вели професорот Miles Carroll, заменик-директор на Националната служба за заразни болести при англиското јавно здравје (PHE).

“Ова се едни од најефикасните средства за неутрализирање на Sars-CoV-2 што ги тестиравме досега на PHE“, рече Carroll. “Веруваме дека уникатната структура и јачина на нанотелата придонесуваат за нивниот значаен потенцијал и за превенција и за лекување на Ковид-19 и со нетрпение очекуваме на заедничката работа на патот кон клиничките студии”.

Професорот Ray Owens, раководител за производство на протеини во Институтот Rosalind Franklin и главен автор на студијата, вели: “Нанотелата имаат бројни предности во однос на човечките антитела”.

“Поевтино се произведуваат и може да се инјектираат директно во дишните патишта преку распрскувач или спреј за нос, и можат сами да се нанесуваат дома, наместо да се вбризгуваат со игли. Ова би можело да биде корисно во смисла на лесна употреба за пациентите, но исто така го носи лекот директно на местото на инфекција во респираторниот тракт”.

Истражувачите успеале да генерираат нанотела со вбризгување на спајк протеинот во ламата Фифи, која е дел од фабриката за производство на антитела на Универзитетот во Reading.

Инјекциите го активирале имунолошкиот систем на ламата

Спајк Протеинот се наоѓа на надворешната страна на вирусот и е одговорен за врзување со човечките клетки, така што вирусот може да ги зарази. Иако инјекциите не ја разболеа Фифи, тие го поттикнале нејзиниот имунолошки систем да се бори против вирусниот протеин со создавање нанотела против него.

Мал примерок од крвта е земен од ламата и истражувачите успеале да излачат четири нанотела способни да се врзат за вирусот. Нанотелата потоа се споени во три синџири за да ја зголемат нивната способност да се врзат за вирусот. Потоа се произведени во лабораториски ќелии.

Студијата покажала дека трите синџири на нанотелата биле во можност да ги неутрализираат и оригиналните варијанти на вирусот Ковид-19 и алфа варијантата.

Четвртиот синџир на нанотела успеал да ја неутрализира бета варијантата на вирусот. Кога на хрчаците заразени со вирусот им бил даден еден од синџирите на нанотела, животните покажале значително намалување на симптомите на болеста. Хрчаците третирани со нанотела по седум дена имале помалку вируси во белите дробови и дишните патишта од нетретираните животни.

Научниците велат дека резултатите се првиот чекор кон развивање на нов вид на лекување на Ковид-19, што може да се покаже како непроценливо додека продолжува пандемијата.

Професорот James Naismith, директор на Институтот Rosalind Franklin, кој помогал во водење на истражувањето, изјавил: “Да се имаат лекови што можат да го лекуваат вирусот и понатаму ќе биде многу важно, особено затоа што целиот свет не е вакциниран со иста брзина и постои ризик од појава на нови варијанти способи да го заобиколат ефектот на вакцината”.

Истражувачкиот тим, во кој беа вклучени научници од Универзитетот во Liverpool, Универзитетот Oxford и PHE, сега се надева дека ќе добие средства за да подготви клинички студии на луѓето.

Резултатите од студијата се објавени во списанието Nature Communication”.