
Северна Америка е последниот континент на кој стапнале луѓето.
Во САД, поточно во националниот парк White Sands во Ново Мексико, откриени се стапала стари помеѓу 21.000 и 23.000 години, што е најстар доказ за човечко населување во двете Америки, пренесува Nature.
Датирењето отвара прашање кога и како луѓето од Сибир се населиле во регионот, а има сѐ повеќе докази дека тие го заобиколиле брегот на Пацификот, додека копнените патишта биле оковани со мраз. Авторите на студијата тврдат дека стапалата даваат кредибилитет и на претходните докази за населување на двата континенти.
Култура Clovis
Патем, Северна Америка е последниот континент до кој стасало човештвото. Со децении, најраспространетата теорија е дека доселениците таму дошле од источен Сибир преку денешниот Берингов теснец во потрага по потопла клима.
Археолошките докази одамна сугерираат дека населбата стара 13.500 години била поврзана со праисториската палео-американска култура Clovis, која се смета за прва цивилизација на континентот и претходник на групи што станале познати како Индијанци.
Сепак, теоријата за таа култура е разнишана во последните 20 години, бидејќи истражувањата покажале дека првите населби во Северна Америка се постари.

Траги од деца и тинејџери
Отпечатоци од стапала се оставени во калта на бреговите на многу одамна исушеното езеро, кое сега е дел од пустината во Ново Мексико. Талогот ги наполнил вдлабнатините создадени од стапалата и се стврднале во карпа, заштитувајќи ги доказите на нашите предци.
“Навистина мислам дека правилно ја одредивме возраста на примерокот”, рече Thomas Stafford, експериментален геохронолог од Stafford Research Laboratories, додавајќи дека илјадагодишната грешка нема да ја поткопа важноста на отпечатоците. “Без разлика дали имало луѓе тука пред 20.000, 22.000 или 19.000 години, тоа не ја менува нивната неверојатна приказна. Имаме траги од луѓе”, нагласи тој.
Тим од научници утврдил дека десетици отисоци од стапалки најверојатно припаѓаат на деца и тинејџери.
“Тоа има смисла. Кога бев помлад, секогаш се движев кон водата. Поток, река, езерце, што и да е. Така, тие веројатно повеќе оделе од возрасните по кал отколку отколку на суво”, вели Daniel Odess, еден од авторите на студијата.