Како да дознаете дали комшијата ви го краде Интернетот?

133

Доколку сакате да дознаете дали некој се „закачил“ без прашање на вашата безжична мрежа, еден сајт ви покажува едноставно решение.

Wireless Network Watcher е алатка која на компјутерите кои имаат Виндоус ОС ќе им овозможи преглед на сите уреди поврзани на вашата мрежа.

Иако инсталацијата и стартувањето на програмот се крајно едноставни, сепак треба малку детективска работа за да можете да ги откриете натрапниците.

Од помош секако ќе ви биде да погледнете во полињата на името на уредот (Device Name), информациите за него (Device Information) и упатство (User Text) која ќе ги покаже податоците за полесно идентификување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.