Проблемите на жените со шминката

1377

Колку грижи имате поврзани со вашата шминка на ден? Една тенка и мачна мисла се прикадува секој пат кога пиете чаша или се храните.

Кон ова се додаваат и ризиците за буквално “печатење” на лицето врз перницата и дамките пудра на јаката на вашата омилена бела кошула.

За жал, грижата со шминката ни од далеку не завршува тука. Не ни останува ништо друго освен да ја прифатиме со доза на хумор и да бидеме повнимателни со своите секојдневни активности.

По првиот, ви го претставуваме и вториот дел од најчестите проблеми со козметичките производи и шминкањето.

1. Кармин

Колку и долготраен да тврдат дека е еден кармин, СЕКОГАШ морате да ставате уште и уште. Пиете чаша вода и хоп, устата ви е значително побледа.Насмевнете се и хоп повторно.

2. Место

Никогаш, ама никогаш немате доволно место во бањата или местото на кое ја нанесувате шминката. Токму кога сте во екот на поставување на проклетата очна линија за мачкино око сфаќате дека ако фрлите игла, таа едноставно нема каде да падне .

3. Попладневен замор

Средина е на работниот ден, сонцето нежно ве гали, чувствувате како очите натежнуваат, посегнувајте се да ги одморите… тоа блажено чувство. Непосредно пред шокот во кој ќе се доведете, се сеќавате дека сте со очна линија и маскара. Честитки!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2